Светскиот шампион во неволја – ѕвездата на Јунајтед не може да игра

од Nikola Popovski
32 прегледи

Аргентинскиот фудбалер Алехандро Гарначо поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Венецуела и Боливија во квалификациите за СП 2026 година.

Во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Аргентина (АФА) се наведува дека Гарначо ќе ги пропушти следните два натпревари на репрезентацијата поради повреда на левото колено.

Гарнаџо (20) е член на Манчестер Јунајтед и се повреди на последниот натпревар во Премиер лигата, против Астон Вила во Бирмингем (0:0).

За Аргентина досега одигра седум натпревари.

Актуелниот светски првак на 10 октомври ќе ја пречека селекцијата на Венецуела во Матурин, а шест дена подоцна во Буенос Аирес ќе ја пречека Боливија.

Слични содржини