223
Светските цени на храната пораснаа втор месец по ред во април, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Во април е забележан благ месечен пораст на цените на месото, растителните масла и житариците, што и повеќе го компензира падот на цените на млечните производи и шеќерот.
Светскиот индекс на цените на храната за април се зголеми од мартовските 118,8 на 119,1 поени, се наведува на веб-страницата на ФАО.