10
Светските цени на храната во јули достигнаа највисоко ниво од февруари 2023 година, откако наглиот пораст на цените на месото и растителните масла го надмина падот на цените на житарките, шеќерот и млечните производи, објави денес Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Вредноста на светскиот индекс на цени на храната (FFPI) за јули е 130,1 поен, што е зголемување од 1,6 проценти во споредба со претходниот месец, според ФАО.
Индексот што ги мери цените на месото порасна за 1,2 проценти на нов рекорд од 127,3 поени, поттикнат од повисоките цени на говедското и овчо месо, со мало зголемување на цените на живината.