Светско првенство со 64 репрезентации? ФИФА доби официјално барање

од Nikola Popovski
43 прегледи

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) во четвртокот испрати официјално барање до ФИФА за зголемување на бројот на земји-учеснички на Светското првенство во 2030 година на 64 со цел да се овозможи што повеќе земји да учествуваат во прославата на 100-годишнината од започнувањето на ова натпреварување.

За домаќини на СП 2030 се избрани Шпанија, Португалија и Мароко, но неколку натпревари на почетокот на натпреварувањето ќе се одиграат во три јужноамерикански земји, при што отворањето ќе биде во Уругвај, кој беше домаќин на првото СП во 1930 година, а потоа Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на едни од најдобрите фудбалери во светот.

„Убедени сме дека прославата на 100-годишнината ќе биде уникатна затоа што вакво одбележување се слави само еднаш и затоа предлагаме за прв пат да учествуваат 64 репрезентации“, изјавил претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез.

ФИФА претходно најави дека ќе го разгледа предлогот за зголемување на бројот на учесници на Светското првенство во 2030 година на 64.

Од Франција во 1998 година до Катар во 2022 година на Мундијалот учествуваа по 32 репрезентации, додека следната година во САД, Мексико и Канада за прв пат на Мундијал ќе учествуваат 48 репрезентации.

Слични содржини