Фудбалерот на Баерн Минхен, Лукас Ернандез е повикан во 32 -от Кривичен суд во Мадрид, а му се заканува 1 година казна затвор, откако е обвинет дека ја малтретирал девојката.
Дефанзивецот на германскиот клуб бил поканет да се појави на суд на 19 октомври во 11 часот.
„Господинот Лукас Франсоа Бернард Ернандез е поканет да се појави на суд на 19 октомври, за да му биде лично кажано доброволно да се пријави во затвор во рок од десет дена, во институција по негов избор“, се вели во соопштението на судот.
Целата приказна оди доста далеку, во 2010 година кога Лукас беше играч на Атлетико Мадрид. Тој се судрил со сопругата Амелија де ла Оса Лоренте среде улица.
Седум години подоцна, и двајцата беа осудени на 31 ден општествено корисна работа, но и за да ја спречат комуникацијата шест месеци, им беше забрането да се приближуваат.
И покрај тоа, тие отидоа на меден месец, иако Лукас веќе доби информација за забраната за приближување. Амелија не ја доби таа наредба, па сега само на Лукас му се заканува затвор.
Тој не ја послуша одлуката на судот и може да биде зад решетки една година. Неговите адвокати побараа казната да се претвори во општествено корисна работа, но тоа е веќе направено, па Французинот има голем проблем.
Тимот на Хернандез поднесе жалба против пресудата и ќе поднесе жалба до повисокиот суд кој ќе ги преиспита аргументите.
Во секој случај, играчот на Баерн мора да биде лично во Мадрид на 19 октомври, за да избере затворска институција. Сценариото може да биде такво што Лукас може да отиде во затвор, но судот брзо ја разгледува жалбата и тој да биде ослободен по неколку дена.
Сепак, во теорија, тој може да биде зад решетки една година. Од друга страна, Баерн тврдеше дека не бил свесен за тоа, иако Ернандез доби известување од судот пред еден месец.