Свежи идеи за декорација од најшарениот дом во светот

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Ви ja претставуваме Amina Mucciolo чие живеалиште личи на забавен детски цртан филм, а можеби и на забавен парк. Не помалку шарената дама го претворила својот дом во вистинско виножито.
Од ѕидовите до печката и чиниите, сè е во боја. Виолетови ѕидови, пастелни бои кои се прелеваат, шарен мебел и теписи, оригинални декорации на ѕидовите, кои ги дополнуваат разнобојните нејзини плетенки.

Повеќе фотографии од кои ќе можете да црпите идеи за вашиот дом, ви прикажуваме во галеријата.