Денеска во земјава нè очекува сончево и топло време, иако во текот на утрово ќе биде посвежо, објави Управата за метеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 6.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 33 степени.
До четврток ќе се задржи стабилно време. Од петок во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.