Свилен розов фустан: Пенелопе Круз блесна на гала вечера (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
444 прегледи

Актерката и природна убавица Пенелопе Круз е позната по своите беспрекорни модни избори.

Дека е една од најдобро облечените жени докажа и синоќа кога се појавила на гала вечера организирана од модната куќа „Шанел“, чие заштитно лице е Пенелопе, во рамките на филмскиот фестивал „Трибека“.

Актерката пристигна на настанот во долг свилен розов фустан со дискретен дезен во облик на коцка.

Надалеку е познато дека убавата актерка со години најчесто носи облека од модната куќа „Шанел“.

Изданието Пенелопе го комплетираше со чанта „Шанел“ во истата нијанса, додека од накит носеше само големи златни обетки.

Слични содржини