Свински бубрег функционирал нормално еден месец во човечко тело – најдолго досега

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

Свински бубрег кој американските хирурзи му го пресадиле на починат човек функционирал нормално еден месец.

Тим хирурзи од Њујорк се надеваат дека тоа е клучен чекор кон трансплантација на жив човек.

Во тој експеримент, чии резултати беа објавени денеска, во човечко тело најдолго функционирал бубрег од свиња иако лицето било мртво.

„Дали овој орган навистина ќе работи како човечки? Засега изгледа дека да“, изјави за АП Роберт Монтгомери, директор на Институтот за трансплантација на Лангон NIU, каде што беше спроведен експериментот.

Бубрегот на генетски модифицираната свиња бил трансплантиран на 14 јули и веднаш почнал да произведува урина.

Телото за експериментот го донирало семејството на покојниот Морис Милер, кое вели дека се мотивирани од можноста свинските бубрези еден ден да го ублажат големиот недостиг на органи за трансплантација.

„Се борев со тоа, но брат ми сакаше да им помага на другите и мислам дека и тој би го сакал ова“, рече сестрата на Морис Милер, Мери Милер Дафи.

Слични содржини