Свински врат со компири

од desk2
826 прегледи

Совршена комбинација од месо и компири – овој ручек сигурно ќе ви се допадне!

СОСТОЈКИ:
1,5 кг свински врат
морска сол
бибер
50 гр сенф
1 кг компири
масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирите излупете ги и исечкајте ги на кругови и држете ги барем 20 минути во ладна вода.

Свинскиот врат посолете го, побиберете и истријте го со сенф. Компирите исцедете ги но не треба да ги сушите и да ги посолувате.

Распоредете ги во сад за печење кој претходно сте го намастиле. Преку компирите наредете месо. Ставете да се пече 45 минути на 200 степени.

Потоа извадете, месото свртете го, а компирите измешајте ги, па вратете го месото преку компирите, свретено од другата страна. Ставете да се пече уште 20 минути на иста температура, потоа извадете го месото, а компирите оставете ги да се печат уште десетина минути на 220 степени.

Слични содржини