Свинското месо нема да поскапи, тврди Николовски

од Nikola Popovski
221 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на прес конференција информира дека месо има во доволни количини и засега нема да поскапи.

-Веќе се прават подготовки за нов наменски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за сточари. Мерките се дополнителен стимул за развој на свињарството во износ од скоро два милиони евра, со кои МЗШВ покажува вистинска грижа за секоја земјоделска гранка и за одржливо домашно производство. Нема да има никакво покачување на цените на свинско месо на домашниот пазар, рече Николовски.

Одгледувачите на свињи го поздравија ваквиот чекор и истакнаа дека мерките се носат навреме.

-Се надеваме дека со интервентите мерки ќе ја одржиме моментната цена и дека ќе го одржиме свињарството во добра кондиција. Мерките многу позитивно ќе влијаат во производство на свинско месо. Во моментов во целост го задоволуваме пазарот и има доволно количини. Сепак, се соочуваме со многу тешка ситуација, но цела Европа е во криза, сите производства, нагласија одгледувачите на свињи.

Слични содржини