Свирепо убиство во прилепско

од Nikola Popovski
525 прегледи

Полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.Ѓ.(29) и Д.Ѓ.(67) од с.Десово, општина Долнени. Се сомничат дека на 19.03.2022 во с.Десово физички го нападнале  Р.Л.(48) од Кичево и му нанеле тешки телесни повреди од кои подоцна починал.

Според МВР, Р.Л. бил пронајден починат на 20.03.2022 во куќа во селото во која привремено живеел.

-Смрт со повреди на главата и телото констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршиле увидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштија од полицијата.

Слични содржини