Северот на Италија беше погоден од обилни дождови и силен ветер, а надојдените реки предизвикаа одрони и поплави, јави агенцијата „Анса“.
Итно биле евакуирани 120 луѓе кои биле во летниот камп во близина на вештачката брана Панџон, во околината на градот Леко, поради закана од излевање на вода од акумулационото езеро, чие ниво го достигна својот максимум.
И во Милано, административниот центар на провинцијата Ломбардија, цивилната заштита и пожарникарите интервенираа цела ноќ на повик на граѓаните.
На север, во Болзано, свлечиште го блокираше сообраќајот на регионалниот пат, а поради лошите временски услови, железничкиот сообраќај од Бренер беше прекинат.
Властите ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат ситуациите и советите за цивилна заштита.