160
Секторот за внатрешни работи Битола ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во основните училишта во Битола во врска со закани за поставени експлозивни направи и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Од страна на отсекот за компјутерски криминал ќе следуваат дополнителни проверки во насока на утврдување на чинителите на лажните дојави.