СВР Штип: Превентивни активности за заштита од кражби и за заштита на шумите од пожари

од Nikola Popovski
162 прегледи

На 23.07.2022 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство на полициски службеници од Шумска полиција на подрачјето на Штип и во неколку села во Штип и општина Карбинци спроведоа превентивни активности за заштита од пожари на отворен простор и кражби. За време на активностите на жителите на населените места им беа поделени летоци со едукативна содржина за заштита од кражби и за заштита на шумите од пожари. Исто така, беа извршени и разговори со населението, при што им беше укажано како сами да се заштитат од кражби, разбојништва и пожари.

На 24.07.2022, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, Полициските станици Кочани, Свети Николе и Македонска Каменица и претставници на шумските стопанства на подрачјата на повеќе села во овие општини спроведоа превентивни активност за заштита од пожари. Притоа, извршени се обиколки и патролни служби на повеќе локации, беа поделени летоци со едукативна содржина, а беше разговарано со населението како да се заштитат себе, имотите и шумите од пожари.

Исто така, на 24.07.2022 во неколку села во светиниколско беа одржани средби со претставници на месните заедници на кои беше разговарано како да се заштити населението од кражби и тешки кражби. Воедно, на средбите беше укажано како луѓето можат да помогнат на полицијата за откривање на крадците и спречување на ваквите случаи.