СВР Струмица најави засилени контроли во сообрајќајот

од desk4
77 прегледи

СВР Струмица најави засилени сообраќајни контроли на улиците во централното градско подрачје поради очекуваната голема фрекфенција на учесниците во сообраќајот во пресрет на новогодишните празници

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот на почитување на сообраќајната вертикална и хоризонтална сигнализација, поточно да не се паркират моторни возила во двоен ред, на тротоари, крстосници и на места одбележани за инвалидни лица а пешаците да ја преминуваат улицата на одбележан пешачки премин, да ја почитуваат вертикалната и хоризонтална сообраќајна сигнализација и да се движат на места предвидени за пешаци, вели Хризантема Рендевска од СВР Струмица