СЗО: 307.930 луѓе се разболеле ширум светот, 5.537 починале

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека уште 307.930 лица се разболеле од коронавирус во светот денес, пренесува Ројтерс.

Бројот на загинати се зголеми за 5.537 на 917.417.

Најголем пораст на бројот на заразени лица сè уште е забележан во Индија, САД и Бразил.

Регистрирани се 94.372 нови случаи во Индија, 45.523 во САД и 43.718 во Бразил.

И САД и Индија објавија повеќе од 1.000 смртни случаи, додека во Бразил починаа 874 лица.

Слични содржини