СЗО: 330 загинати и 3.200 повредени во суданските конфликти

од Vladimir Zorba

Во судирите меѓу суданската армија и паравоените единици загинале 330 лица, а 3.200 се повредени, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Централниот комитет на суданските лекари истовремено извести за најмалку 198 загинати цивили и повеќе од 1.000 повредени, пренесе Тасс.

Ситуацијата во Судан ескалира поради несогласувањата меѓу шефот на суданската армија Абдел Фатах ал Бурхан, кој е и шеф на владејачкиот Суверен совет и Мохамед Хамдан Дагало, кој е заменик на Ал Бурхан во Советот.

Нивните несогласувања резултираа на 15 април во вооружен конфликт што започна во близина на воената база во Мерове и во главниот град Картум.

Слични содржини