221
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека 73 лица загинале во 91 напад врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија на таа земја.
Цел на нападот биле клиниките, болниците и здравствените работници, пренесе Ројтерс.
„Лекот кој ѝ е потребен на Украина е мирот“, изјави регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге за новинарите во Л`вов.
Тој изјави дека половина од украинските аптеки престанале да работат и дека околу 1.000 здравствени установи се наоѓаат во близина на линијата на фронтот.
„Во следните три месеци во Украина ќе се родат околу 80.000 бебиња, кои поради војната нема да имаат доволно медицинска поддршка“, рече Клуге.