СЗО: Децата се изложени на помал ризик, прво дајте им вакцини на сиромашните

од Nikola Popovski
171 прегледи

Децата и адолесцентите се изложени на помал ризик да добијат потешка форма на Ковид-19, па Светската здравствена организација (СЗО) денеска апелира до земјите да ги споделат вакцините со посиромашните земји како дел од програмата Ковакс.

СЗО укажа на ретката појава на воспаление на срцевиот мускул кај помладите по примањето на mRNA вакцините „Фајзер“ и „Модерна“, но нагласи и дека последиците се благи и луѓето кои имале несакани ефекти добро реагирале на лекувањето на миокардитисот, пренесува Ројтерс.

„Бидејќи многу делови од светот се соочуваат со недостиг на вакцини, земјите кои вакцинирале многу луѓе треба прво да ги споделат вакцините со остатокот од светот, пред да ги вакцинираат децата и адолесцентите“, соопшти СЗО.

Слични содржини