201
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека Гана пријавила дека се сомнева дека две лица на нејзина територија се заразиле со вирусот Марбург, кој предизвикува симптоми слични на ебола.
СЗО соопшти дека прелиминарната анализа на примероците земени од двајца пациенти од јужниот регион на Гана, кои починале од болеста, покажала дека тие се позитивни на вирусот Марбург, но примероците биле испратени до Институтот Пастер во Дакар, Сенегал, кој работи со здравствената агенција на ОН, со цел резултатите да бидат конечно потврдени, наведува АП.
Двата пациента биле префрлени во локална болница и имале дијареа, треска, гадење и повраќање, се наведува во соопштението на Светската здравствена организација.