Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри кинеската вакцина Синовак Бајотек за итна употреба.
Во соопштението се наведува дека одобрувањето на СЗО е сигнал до националните регулаторни тела дека препаратот е безбеден и ефикасен и им овозможува на вакцините одобрени од СЗО да се најдат во глобалната програма Ковакс, која обезбедува вакцини на сиромашните земји, пренесува Ројтерс.
Процесот на анализа на техничката советничка група на СЗО започна на 5 мај, а одлуката беше донесена по анализата на најновите клинички податоци за безбедноста во ефикасноста на вакцините од кинеската компанија и процесот на производство.
Ова е втора кинеска вакцина која доби дозвола за итна употреба откако препаратот на државната кинеска компанија Синофарм доби „зелено светло“.
Поднесено е и барање за третата кинеска вакцина, КанСино Бајолодикс, но не е познато кога ќе заврши постапката за анализа и верификација во СЗО.