СЗО: Кинеските вакцини ефикасни и безбедни, но потребни се повеќе податоци

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Кинеските вакцини против коронавирус Синофарм и Синовак се покажаа безбедни и ефикасни против ковид-19, но потребни се дополнителни податоци, соопштија денес експертите на Светската здравствена организација (СЗО).

Таа проценка ја направи Советничката стратешка група на експерти за вакцинација (САГЕ), тело на СЗО, кое се состана од 22 до 25 март. Овие експерти се одговорни за давање препораки во врска со вакцинацијата.

Во документот во кој се сумираат главните точки покренати на состанокот, експертите велат дека двете кинески вакцини, кои поднеле барање за одобрување до СЗО, покажале дека се „безбедни и ефикасни против ковид-19 кога пациентот има симптоми“.

„Сепак, нема податоци кога станува збор за стари лица и лица кои страдаат од други болести“, наведоа експертите.

Откако ќе се додадат овие податоци, ќе бидат потребни студии за ефикасноста и безбедноста на двете вакцини за тој сегмент од популацијата.

Одлуката на СЗО за барањето за одобрување на вакцините Синофарм и Синовак се очекува најрано на почетокот на април.

Претседателот на експертската група, Алехандро Кравиото, рече дека експертите ќе ја чекаат одлуката на СЗО за одобрување на вакцините пред да ги објават нивните препораки за употреба на две кинески вакцини.

Слични содржини