СЗО: Колера се шири во Либан, 1.400 случаи пријавени од средината на октомври

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Според Светската здравствена организација, од средината на октомври во Либан се пријавени околу 1.400 случаи на колера, а првата серија вакцини пристигнала од Франција.

Првиот случај на колера во Либан од 1993 година беше забележан во октомври во северниот град Бебнин, а според СЗО, бројот на заболени оттогаш се искачи на 1.400, пишува Дојче веле.

Регионалниот директор на СЗО за итни случаи, Рик Бренан, рече дека болеста најверојатно потекнува од Сирија, каде што сега се справуваат со околу 20.000 пациенти и додаде дека бројот на заразени драстично се зголемил оваа година, објаснувајќи дека поплавите, сушите, миграцијата и други фактори кои го отежнува пристапот до чиста вода, води полесно до инфекција.

Слични содржини