Во моментов, мајмунските сипаници не претставуваат закана за глобалното здравје, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, сепак, изрази длабока загриженост поради оваа епидемија.
„Длабоко сум загрижен за епидемијата на мајмунски сипаници, која јасно се развива во здравствена закана што внимателно ја следиме“, истакна Гебрејесус.
Во посебна изјава, СЗО забележува дека, иако има различни мислења во комитетот, тие се согласуваат дека епидемијата на мајмуни сипаници во овој момент не предизвикува „меѓународна загриженост за јавното здравје“.
Терминот „глобална опасност“ во моментов се однесува само на пандемијата на коронавирусот.
Според СЗО, повеќе од 3.200 случаи на мајмунски сипаници и еден смртен случај се потврдени во 48 земји во изминатите шест недели.
Од почетокот на годината, во централна Африка, каде вообичаено се јавуваат мајмунски сипаници, се пријавени речиси 1.500 случаи и 70 смртни случаи.
Тие се вирусна болест која предизвикува симптоми како што се грип и рани на кожата. Има вакцини и терапија за мајмунски сипаници, иако количините се ограничени, пренесува Срна.