СЗО: Над 160 здравствени работници починаа на должност во Газа

од Radmila Tasevska
291 прегледи

Портпаролот на Светската здравствена организација денеска рече дека над 160 здравствени работници починале на должност во Газа и повика на укинување на ограничувањата за медицинска помош, велејќи дека некои лекари вршат операции, вклучително и ампутации, без анестезија.

„Над 160 од здравствените работници починаа на должност додека се грижеа за повредените и заболените. Тоа се луѓето кои го одржуваат здравствениот систем со посветеност и тие некако најдоа начин да одржат одредено ниво на услуга“, рече Кристијан Линдмајер на брифинг со новинарите, без да го наведе изворот на информацијата.

Слични содржини