СЗО најавува: Крајот на пандемијата во Европа е веројатно со омикрон

од Nikola Popovski

Омикрон сојот на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата на Ковид-19 во регионот и може да го приближи крајот, изјави денеска директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге.

„Можно е регионот да се приближува кон крајот на пандемијата“, рече тој, повикувајќи на претпазливост поради варијабилноста на вирусот.

Клуге рече дека кога ќе се смири бранот на сојот омикрон, луѓето ќе имаат глобален имунитет, некои поради вакцината, а други затоа што луѓето се имуни поради тоа што претходно се заразиле, но и поради сезонскиот пад на инфекцијата.

Но, нагласи дека се уште не сме во фаза кога ќе стане ендемска болест.

„Ендемски значи дека можеме да предвидиме што ќе се случи, овој вирус не изненади повеќе од еднаш, затоа треба да бидеме многу внимателни“, рече тој.

Според СЗО во европскиот регион од 53 земји, омикрон сочинувал 15 отсто од новите случаи на корона на 18 јануари, што е за над 50 отсто повеќе од претходната недела.

Во ЕУ и Европската економска област, овој сој, кој се појави на крајот на ноември, е позаразен од делта и сега е доминантен.

Слични содржини