327
Светската здравствена организација (СЗО) потврди 46 напади врз болници и медицински установи во Украина од почетокот на руската инвазија.
Со вкупниот број напади врз болници во други конфликти ширум светот, СЗО истакнува дека оваа стапка на напади врз болници е највисока досега забележана.
Извршниот директор на СЗО на здравствената програма за итни случаи Мајк Рајан рече дека овие „неприфатливи“ напади врз здравјето „стануваат дел од воената стратегија и тактика“.
Media briefing on #COVID19, #Ukraine and other emergencies with @DrTedros https://t.co/cJZ6GufbSC
— World Health Organization (WHO) (@WHO) March 16, 2022