СЗО: Нападнати здравствени домови во Украина

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) потврди „неколку“ напади врз здравствени центри во Украина, додека други се истражуваат, изјави денеска директорот на СЗО.

„Нападите предизвикаа повеќе смртни случаи и повреди“, напиша Тедрос Аданом Гебрејесус на Твитер.

„Нападите врз здравствените установи и здравствените работници ја нарушуваат медицинската неутралност и меѓународното хуманитарно право“, напиша тој.

Тедрос во кратката порака не ја спомна Русија, која ја нападна Украина на 24 февруари.

Слични содржини