СЗО објави апсолутен дневен рекорд по бројот на новозаразени со корона

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) во саботата објави апсолутен рекорд во бројот на нови случаи на инфекција со Ковид-19 во светот, покажуваат нејзините податоци, ажурирани во неделата.

Агенцијата на ООН во саботата доби информации за 660.905 нови случаи. Претходниот црн рекорд, поставен во петокот, бил 645.410 лица, а на 7 ноември имало 614.013 нови случаи.

Во саботата, филијалите на СЗО во САД, исто така, објавија најголем број на заразени досега во текот на еден ден, 269.225 нови потврдени случаи.

Податоците на СЗО покажуваат дека од избувнувањето на пандемијата, има повеќе од 53,7 милиони потврдени случаи на заразени со коронавирус, а повеќе од 1,3 милиони луѓе починале.

Извршниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во петокот предупреди дека „треба да се помине долг пат“ додека коронавирусот не биде поразен на глобално ниво.

Друг неславен рекорд е дека СЗО забележа повеќе од 9.500 смртни случаи за прв пат во три последователни дена: 9.928 во четвртокот, 9.567 во петокот и 9.924 во саботата.