СЗО одобри уште една вакцина за итна употреба

од Берта Китинска
175 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) одобри две верзии на вакцината AstraZeneca / Oxford против covid 19 за итна употреба.

Вакцините ќе бидат достапни преку програмата Ковакс.

Коментирајќи ја глобалната достапност на вакцините, помошникот на генералниот директор на СЗО за пристап до лекови и здравствени производи, д-р. Маријангела Симао истакна дека сите производители на вакцини мора да го зголемат производниот капацитет и да ги достават своите кандидати за вакцини за одобрување од СЗО што е можно поскоро.

Слични содржини