СЗО: Омикрон се шири побрзо од делта, ги погодува и вакцинираните

од Nikola Popovski
227 прегледи

Сојот на коронавирусот омикрон се шири побрзо од делта и предизвикува инфекции кај луѓе кои веќе биле вакцинирани или оздравеле од болеста Ковид-19, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација (СЗО).

„Сега има постојани докази дека омикрон се шири значително побрзо од сојот делта“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на брифинг со новинарите.

Тој додаде дека поизвесна е инфекцијата или реинфекцијата на лицата кои биле вакцинирани или оздравеле од болеста.

Слични содржини