СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени и смртни случаи од коронавирус

од Nikola Popovski
169 прегледи

Бројот на нови инфекции со коронавирус и смртни случаи од болеста пријавени на глобално ниво продолжи да опаѓа речиси насекаде во светот, што Светската здравствена организација (СЗО) на денешниот брифинг го опиша како „пожелен пад“.

Здравствената агенција на ОН објави дека минатата недела биле пријавени 4,5 милиони нови инфекции со коронавирус, што е за 16 отсто помалку од претходната недела. За 13 отсто падна и бројот на починати, а починаа 13.500 пациенти. СЗО соопшти дека бројот на заразени со коронавирус е намален насекаде во светот, додека бројот на смртни случаи е намален насекаде, освен во Југоисточна Азија, каде што е повисок за 15 отсто, и во Западниот Пацифик.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека со почетокот на зимата на северната хемисфера и евентуалната појава на поопасен вид на коронавирус, експертите очекуваат зголемување на хоспитализирањата и смртните случаи.

Гебрејесус рече дека стапките на вакцинација, дури и во богатите земји, сè уште се премногу ниски, истакнувајќи дека 30 отсто од здравствените работници и 20 отсто од постарите лица сè уште не ја примиле вакцината.

Слични содржини