170
Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи осаменоста за глобална здравствена закана, а експертите предупредуваат дека нејзиното влијание врз смртноста е еквивалентно на пушење 15 цигари дневно.
„Осаменоста ги надминува границите и станува глобален јавно здравствен проблем кој влијае на секој аспект на здравјето, благосостојбата и развојот. Социјалната изолација не познава возраст или граници“, изјави претставникот на Африканската унија во СЗО Кидо Мпемба, пренесува „Гардијан“.
Американскиот хирург Вивек Марти истакнува дека здравствените последици од осаменоста се исто толку лоши како пушењето 15 цигари дневно и се посериозни од оние поврзани со дебелината и физичката неактивност.