
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека светот мора да биде подобро подготвен за следната пандемија, повикувајќи ги земјите да инвестираат во јавното здравство.
„Ова нема да биде последна пандемија“, рече Тедрос на брифинг во Женева, објави Ројтерс.
Тој истакна дека историјата нè учи дека епидемиите и пандемиите се факт на животот.
„Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен отколку што беше овој пат“, рече Тедрос.