139
Во последните 24 часа, во светот се регистрирани повеќе од 589.000 нови случаи на коронавирус, а повеќе од 11.000 лица починаа, објави вечерва Светската здравствена организација.
Во соопштението се прецизира дека во изминатиот ден биле пријавени 589.677 новоинфицирани и 11.127 смртни случаи, пренесува TАСС.
Повеќе од половина од новите случаи се откриени во Југоисточна Азија – 304.988.
Следат Северна и Јужна Америка со 172.613 и Европа со 65.461 нови случаи.
Најзагрозената земја во светот според бројот на заразени и починати сепак се САД.