СЗО: Повеќе од 614.000 новоинфицирани со корона во светот за 24 часа

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Повеќе од 614.000 нови случаи на коронавирус се потврдени ширум светот во изминатите 24 часа, а починаа 9.396 лица, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, во изминатиот ден се регистрирани 614.570 новозаразени и 9.396 смртни случаи поврзани со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 125,16 милиони, а официјалниот број на смртни случаи е 2.748.737, пренесе ТАСС.

Повеќето нови инфекции – 44% се регистрирани во Европа, следени од Северна и Јужна Америка и Југоисточна Азија.

Соединетите Американски држави имаат најголем број на пациенти и смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Слични содржини