Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебреизус, ги повика сите 194 членки на организацијата брзо да започнат глобални преговори за меѓународен договор за подготвеност за пандемија и одговор на итни случаи за да се подготви светот за следната пандемија.
Во своето завршно обраќање на 47-то Светско здравствено собрание, Гебреизус истакна дека нејзината тема е „Окончување на оваа, спречување на следната пандемија“, објави „Анадолија“.
„Реалноста е дека треба уште многу да сториме за да се стави крај на оваа пандемија“, порача Гебреизус.
Собранието заврши со преглед на епидемиолошката состојба во светот, за што СЗО официјално објави дека коронавирусот однесе повеќе од 3,53 милиони животи ширум светот и дека се потврдени скоро 170 милиони случаи на инфекција и близу 1,55 милијарди дози вакцини.
„Една од препораките што верувам дека ќе стори најмногу за зајакнување на СЗО и глобалната здравствена безбедност е препораката за договор за подготвеност и одговор на пандемија. Ова е идеја чие време дојде “, рече првиот човек на СЗО.