СЗО предлага да се покренат планови за вакцинација во областите погодени од мајмунски сипаници

од Milan1
63 прегледи

СЗО денеска препорача дека земјите погодени од вирусот Мпокс (мајмунски сипаници) треба да почнат планови за вакцинација во областите каде што се појавиле случаи на инфекција.

Повторното појавување на Мпокс во Демократска Република Конго, ја поттикна СЗО да прогласи глобална здравствена вонредна состојба на 14 август, највисоко ниво на здравствено предупредување.

СЗО веќе прогласи таква вонредна состојба во 2022 година кога епидемијата на сипаници се прошири низ светот, а ја повлече во мај 2023 година

СЗО денеска издаде дополнителни препораки упатени до земјите кои се соочуваат со повторно појавување на болеста – Демократска Република Конго, Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда.

СЗО препорачува, меѓу другото, да започнат планови за зајакнување на активностите поврзани со вакцинација против големи сипаници во областите каде што се појавија случаи, насочени кон лица со зголемен ризик од инфекција, на пример случаи кои имале контакт со заразени, деца, здравствени работници , негуватели итн.

Слични содржини