СЗО продолжува да ги истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги покани експертите да се приклучат на новата експертска група што ја формира со цел да ја продолжат работата за истражување на потеклото на пандемијата на коронавирусот.

Во соопштението на СЗО се наведува дека новата група научници треба да достави независна анализа за досега извршената работа за утврдување на потеклото на ковид-19, пишува АП.

СЗО објави дека бара до 25 членови со соодветна професија кои можат да аплицираат до 10 септември.

Исто така, експертите треба да ја советуваат СЗО за неопходните следни чекори, како и да дадат насоки за критични прашања поврзани со потенцијалната појава на други вируси, како што се МЕРС и ебола.

Тим меѓународни експерти ангажирани од Светската здравствена организација објавија прелиминарен извештај во март, во кој беше оценето како „крајно неверојатно“ дека потеклото на ковид-19 е поврзано со лабораторијата.

Иако научниците мислат дека вирусот најверојатно се проширил кај луѓето од животни, теоријата дека протекол од лабораторија е во центарот на вниманието во последните неколку месеци.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, минатиот месец рече дека е „премногу рано“ да се исклучи теоријата за креирањето на вирусот во лабораторија, наведувајќи дека се можни лабораториски несреќи.

Слични содржини