Скоро 86 проценти од сите инфекции со коронавирус во Африка не се регистрираат, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО проценува дека 59 милиони луѓе се заразени на африканскиот континент, или седум пати повеќе од осумте милиони пријавени случаи.
Високиот процент на нерегистрирани случаи се објаснува со малиот број тестови.
„Со ограничено тестирање, не знаеме што се случува во многу заедници во Африка … и она што го гледаме е само врвот на ледениот брег“, вели регионалниот директор на СЗО за Африка, д-р Матшидисо Моети.
До денес, според СЗО, спроведени се 70 милиони тестови на континентот во кој живеат 1,3 милијарди луѓе.
За споредба, Соединетите држави, кои имаат само една третина од населението во Африка, спроведоа повеќе од 550 милиони тестови, и Обединетото Кралство, со помалку од 10 проценти од населението во цела Африка, спроведоа 280 милиони тестови.
Во Африка, потврдени се 8,4 милиони инфекции со коронавирус, од кои 214,000 се фатални.
Според СЗО, помалку од половина од африканските земји кои примиле вакцина против Ковид-19, во просек, целосно вакцинирале само 2 проценти од нивната популација.