240
Повеќе од 510.000 нови потврдени случаи на инфекција со коронавирус се регистрирани во светот изминатиот ден, а вкупниот број на такви случаи надмина 130,42 милиони, објави Светската здравствена организација (СЗО) во својот дневен билтен.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус е зголемен за 510.365 во изминатите 24 часа, и сега изнесува вкупно 130.422.190.
Бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 се зголеми за 10.173, со што вкупниот број на смртни случаи од оваа болест се искачи на 2.842.135, пренесува TАСС.
Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци од земји.