СЗО: Руските сили нападнаа 16 здравствени установи во Украина и убија најмалку деветмина

од Nikola Popovski
173 прегледи

Најмалку девет лица се убиени во руските напади врз украинските здравствени установи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Вистинскиот број на загинати во нападите врз украинските здравствени установи, вели СЗО, „може да биде значително поголем“.

Според нивните податоци, од почетокот на инвазијата до 3 март имало најмалку 16 руски напади врз здравствени установи во Украина.

„Од 7 март, СЗО потврди 16 напади врз здравствената заштита во Украина. Нападите резултираа со најмалку девет загинати и 16 повредени. Најмалку седум повредени се здравствени работници“, соопшти СЗО на Твитер, објаснувајќи дека нападите се случиле помеѓу 24 февруари и 3 март.

„Во моментов се истражуваат и други пријавени инциденти“, додаде СЗО.

 

Слични содржини