Светската здравствена организација се уште нема доволно податоци за новиот сој на коронавирус омикрон за да објави дека е попренослив од сојот делта, изјави денеска техничкиот шеф на СЗО за Ковид-19, Марија Ван Керкове.
Ван Керкове предупреди дека не треба да се извлекуваат заклучоци од првите податоци, бидејќи овој сој не циркулира доволно долго кај населението, особено кај ранливите популации.
„Имаме некои податоци кои покажуваат дека стапките на хоспитализација се пониски“, рече претставничката на СЗО на прес-конференција.