Светската здравствена организација (СЗО) денес соопшти дека сè уште разговара за вакцината „Спутник V“ од руско производство против „Ковид-19“ и дека сè уште нема утврдено датум за проценка на клиничките податоци за можно ставање на листа за можни вакцини во итни случаи.
„Сè уште го чекаме Спутник, сè уште сме во фаза напред-назад. Значи, сè уште немаме состанок за ревизија (на вакцината)“, рече портпаролот на СЗО, Маргарет Харис на брифингот во Женева, објави Ројтерс.
Бразилскиот здравствен регулатор „Анвис“ вчера одби да го увезува „Спутник V“, што го побараа државните гувернери кои се борат со смртоносниот втор бран.
Техничкиот персонал посочи на „својствени ризици“ и сериозни недостатоци, наведувајќи го недостатокот на информации за да се гарантира неговата безбедност, квалитет и ефикасност.