СЗО: Северна Кореја нема ниту еден ковид-случај

од Nikola Popovski
162 прегледи

Северна Кореја соопшти дека тестирала 13.257 лица и не открила ниту еден случај на коронавирус, се вели во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) на 8 јануари.

Извештајот се базира на податоци од 15 лаборатории во Северна Кореја, кои тамошното Министерството за јавно здравје ги доставило до СЗО, пренесува Си-Ен-Ен.

Се наведува дека во Северна Кореја се воведени ограничувања за патувања и дека сите влезни точки се затворени на неодредено време.

Севернокорејската влада тврди дека во таа земја не е откриен ниту еден случај на Ковид-19, но експертите често го доведуваат во прашање тоа.

Слични содржини