СЗО: Синофарм и Синовак штитат од хоспитализација предизвикана од омикрон

од Nikola Popovski
276 прегледи

Кинеските вакцини Синофарм и Синовак против коронавирус штитат од ризик од хоспитализација што може да биде предизвикана од тешки компликации по здравјето предизвикани од сојот омикрон, објави весникот „The National“ од Обединетите Арапски Емирати, цитирајќи експерт од Светската здравствена организација (СЗО).

Абди Махамуд, менаџер за инциденти ситуации на СЗО, информирал дека „повеќе докази покажуваат дека сојот омикрон влијае на горниот респираторен тракт, предизвикувајќи поблаги симптоми во споредба со претходните соеви“.

ОАЕ неодамна одобри итна употреба на нова рекомбинантна протеинска вакцина произведена од Синофарм, која ќе се користи како бустер доза во таа земја, се вели во извештајот.

Новата кинеска вакцина покажа подобрен имунолошки капацитет против новиот сој „со високо ниво на безбедност што овозможува брзо производство и лесно складирање и дистрибуција“, се вели во соопштението на Министерството за здравство на ОАЕ.

Слични содржини