СЗО следната недела ќе одобри две кинески вакцини

од Берта Китинска
287 прегледи

Светската здравствена организација ќе започне да ја разгледува можноста за одобрување на итна употреба на две кинески вакцини против коронавирусот следната недела, изјави помошникот на генералниот директор на СЗО Маријангела Симао.

Симао исто така рече дека СЗО размислува да издаде одобрение за итна употреба на вакцини АстраЗенека, произведени во Јужна Кореја и Индија, пренесува Ројтерс.Кина потпиша договори за извоз на милиони дози вакцини развиени од нејзините компании Синофарм и Синовак.

Слични содржини