СЗО: Следните недели може да дојде до зголемен број на смртни случаи од корона

од Nikola Popovski

Светската здравствена организација (СЗО) укажа на зголемување на бројот на заразени со коронавирус и предупреди дека во наредните недели може да има зголемување на бројот на хоспитализирани и смртни случаи од Ковид-19, пренесува Анадолија.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на прес-конференција одржана во Женева, зборуваше за зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус, како и за моменталната ситуација кога станува збор за мајмун сипаници, пишува Анадолија.

Гебрехесус истакна дека во последните шест недели, бројот на новозаразени лица е речиси двојно зголемен.

„Бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 се зголемува, иако не толку брзо како бројот на нови инфекции. Зголемениот број на заразени значи дека во наредните недели би можеле да имаме нови хоспитализации и смртни случаи“, рече тој.

Тој додаде дека не се знае која варијанта е доминантна кога станува збор за зголемувањето во последните неколку недели.

„Причината за ова зголемување може да биде позната варијанта или сосема нова“, рече директорот на СЗО.

Тој додаде дека доколку се појават нови варијанти, постарите би можеле да бидат помоќни и поефикасни.

„Сите земји треба да бидат подготвени за тоа. Земјите кои го намалија својот капацитет за борба против инфекцијата преземаат голем ризик“, рече директорот на СЗО.

Тој додаде дека сите земји треба да го следат вирусот додека болниците сè уште не се полни и дека сега е време да се пополнат празнините кога се во прашање имунитетот, работната сила, снабдувањето и одговорот.

Според неговите зборови, сегашните вакцини поефикасно штитат од потешка форма и ризик од смрт, поради што повика на вакцинација особено на медицинските работници, старите лица и другите ризични групи.

Тој се осврна и на бројот на заболени од мајмунски сипаници, наведувајќи дека тој е во пораст.

„Досега има 14.000 случаи во околу 70 земји“, рече Гебрејесус.

Како последица на инфекцијата починаа пет лица, сите во Африка.

Тој додаде дека болеста се шири и во Европа и дека минатата недела се забележани првите случаи во шест земји.

Слични содржини