
Епидемијата на коронавирусот во Русија сè уште е во пораст, но стапката на смртност е една од најниските во светот, изјави претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујнович.
„За жал, епидемијата (во Русија) сè уште е во фаза на раст. Ако ја погледнеме стапката на раст, таа се намалува, но полека. Сето тоа зависи од ефективноста на сите мерки. Сите преземени мерки се во согласност со глобалните препораки, но начинот на нивно спроведување зависи од локалниот контекст и однесувањето на сите луѓе и сите учесници. Засега гледаме природно зголемување на епидемијата“, изјави Вујнович за радио станицата „Ехо Москва“.
Таа потсети дека московските власти објавија дека е во тек интензивно тестирање на лица без симптоми.
Покрај тоа, ако се погледне стапката на смртност, во Русија таа е сè уште една од најниските во светот, рече Вујнович.
„Секако, во различни региони на Русија, епидемијата е во различни фази, затоа што некаде (епидемијата) започнала порано, така што тоа мора да се земе во предвид“, рече портпаролката на СЗО.
Според најновите податоци, повеќе од 2,5 милиони заразени се регистрирани ширум светот и повеќе од 175.000 луѓе починале од новиот коронавирус.